Катерина Сфорца
From Wikipedia, the free encyclopedia
Катерина Сфроца ( 1463 - 10 мај 1509 ) била грофица од Форли и дама од Имола како вонбрачна ќерка на Галеацо Марија Сфорца. Таа е една од најпознатите жени во италијанската ренесанса. Таа исто така била и регент на нејзиниот прв роден син Отавијано.
Катерина Сфроца | |
---|---|
Дама на Имола Грофица за Форли | |
Катерина Сфроца | |
Роден(а) | 1463 Милано |
Починал(а) | 28 maj 1509 (46) Фиренца |
Благородно семејство | Династија Сфорца |
Сопружник(ци) | Џироламо Ријарио Џакамо Фео Џовани Медичи Пополано |
Татко | Галеацо Марија Сфорца |
Мајка | Лукреција Ландријани |
Како потомок на династија Сфорца, Катерина од рана возраст се одликувала со нејзината храброст за заштита на нејзиниот имот од можните узурпатори, и да ја брани својата територија од напад, бидејќи постојано била инволвирана во политички интриги, кои биле одлика во 15 век во Италија. Поради нејзините успешни одбрани, таа го добила прекарот "La Tigre" (Тигарот).
Нејзиниот татко, војводата Галеацо Марија Сфорца бил убиен во Миланската катедрала, а нејзиниот брат Џан Галеацо починал во Павија. Првиот нејзин сопруг бил убиен за време на востанието а бунтовниците го влечеле неговото тело низ улиците.
Во нејзиниот приватен живот Катерина била посветена на различни активности, како на пример експерименти во алхемијата и љубовта кон ловот и танцувањето.
Под притисок на Чезаре Борџија, таа морала да стане завореник на папата. По ослободувањето живеела во Фиренца. Во последните години од нејзиниот живот, таа му се довери на еден монах: "Se io potessi scrivere tutto, farei stupire il mondo" (Додека би напишала се, би го шокирала светот).