Ренесанса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ренесанса (фр. за „преродба“)[1] е културно движење кое, главно, го опфаќа периодот од XIV до XVII век, започнувајќи во Фиренца во доцниот среден век, а подоцна распространувајќи се низ цела Европа. Поимот многу поретко се користи за опишување на историската ера, но бидејќи промените на ренесансата не биле еднолични низ Европа, ова е општа употреба на поимот. Како културно движење, ренесансата се поврзува со оживувањето на учењето основано врз класични извори, развојот на линеарната перспектива во сликањето и постепената, но распространета образовна реформа. Најчесто, поради оваа интелектуална преобразба ренесансата се смета за мост помеѓу средниот век и новиот век. Иако ренесансата видела многу револуции во многу интелектуални занимања, како и општествени и политички пресврти, најверојатно е најдобро позната по сиот развој во уметноста и по придонесите на учените луѓе како Леонардо да Винчи и Микеланџело.[2][3]
Постои општ, но не и неоспорен, консензус дека ренесансата започнала во Фиренца, Тоскана во XIV век.[4] Различни теории се предложени за да одговараат на нејзиното потекло и нејзините одлики, фокусирајќи се на мноштво фактори вклучувајќи ги социјалните и граѓанските проблеми во Фиренца во тоа време; нејзината политичка структура; покровителството на нејзиното најдоминантно семејство, Медичи;[5] и миграцијата на грчки школари и текстови во Италија проследувајќи го Падот на Цариград од рацете на Османлиите.[6][7][8]
Ренесансата има долга и сложена историографија, а има и многу дебатирање помеѓу историчарите околу користеноста на Ренесанса како поим и како историско претставување.[9] Некои се прашуваат дали ренесансата била воопшто културен „напредок“ од средниот век и ја гледаат како период на песимизам и носталгија за антиката,[10] додека други се фокусираат на наизменичното менување помеѓу двете ери.[11] Навистина, некои бараат крај на употребата на поимот, кои тие го гледаат како производ на презентизмот – употребата на историјата за да се полноважат и глорификуваат модерни идеали.[12] Зборот Ренесанса е користен и за опишување други историски и културни движења, како каролиншката ренесанса и ренесансата на XII век.