Кипар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кипар (грчки: Κύπρος, турски: Kıbrıs или официјално Република Кипар (грчки: Κυπριακή Δημοκρατία; турски: Kıbrıs Cumhuriyeti) — островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземно Море, трет по големина[3] и по населеност остров на Медитеранот[4], со местоположба јужно од Турција, западно од Сирија и Либан, северозападно од Израел и Палестина, северно од Египет и југоисточно од Грција.
Република Кипар |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν „Химна кон слободата“ [1] |
||||||
Местоположбата на Кипар (темнозелена) – на Европскиот континент (светлозелена и темносива) |
||||||
Главен град (и најголем) | Никозија 35°08′N 33°28′E | |||||
Службен јазик | ||||||
Демоним | кипранец | |||||
Уредување | претседателска република | |||||
• | Претседател | Никос Христодулидес | ||||
• | Потпретседател | слободно | ||||
Законодавство | Претставнички дом | |||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Лондонско-Циришки договори | 19 февруари 1959 | ||||
• | Прогласена независност | 16 август 1960 | ||||
• | Ден на независноста | 1 октомври 1960 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 мај 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 9,251 км2 (162.) | ||||
• | Вода (%) | 9 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2018 г. | 1,189,265 (158.) | ||||
• | Попис 2011 | 838,897 | ||||
• | Густина | 123.4 жит/км2 (82.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2021 г. | |||||
• | Вкупен | 38,561 млд. дол. | ||||
• | По жител | 42.832 дол. | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2021 г. | |||||
• | Вкупно | 26,546 млд. дол. | ||||
• | По жител | 29.486 дол. | ||||
Џиниев коеф. (2020) | 29.3 низок |
|||||
ИЧР (2019) | ▲ 0.887[2] многу висок · 33. |
|||||
Валута | Евроа (EUR ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .cyб | |||||
Повик. бр. | +357 | |||||
а. | Пред 2008: Кипарска фунта | |||||
б. | Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија. |
Најраната позната човечка активност на островот датира околу 10 милениум пред нашата ера. Археолошки остатоци од овој период го вклучуваат добро сочуваното неолитско село Хирокитија, а Кипар е дом на некои од најстарите бунарски води во светот[5]. Кипар бил населен од микенските Грци во 2 милениум п.н.е. Како стратешка локација на Блискиот Исток, подоцна островот бил окупиран од неколку големи сили, вклучувајќи ги царствата на Асирците, Египќаните и Персијците, по кое островот бил освоен во 333 п.н.е. од Александар Македонски. По распаѓањето на неговото царство со островот уште владееле и Птоломејски Египет под македонско водство, Римското Царство и Источното Римско Царство, арапски калифати за краток период, француската династија Лизињан и Венецијанците, три века отоманско владеење помеѓу 1571 и 1878 (де јуре до 1914[6].)
Кипар бил ставен под администрација на Велика Британија врз основа на Кипарската конвенција во 1878 година и официјално бил припоен од Велика Британија во 1914 година. Додека кипарските Турци сочинуваат 18% од населението, поделбата на Кипар и создавањето на турска држава на север станало политика на водачите на кипарските Турци и Турција во 1950-тите. Турските водачи во еден период се залагале за анексија на Кипар во Турција, бидејќи Кипар се сметал за „составен дел од Анадолија“, додека од 19 век голем дел од грчко-кипарско население и неговата православна црква се залагале за сојуз со Грција[7][8], што станало грчка национална политика во 1950-тите[9]. По националистичкото насилство во 1950-тите, Кипар добил независност во 1960 година. Кризата од 1963-64 година довела до натамошно меѓуетничко насилство помеѓу кипарските Грци и кипарските Турци, коишто раселиле повеќе од 25.000 кипарски Турци[10][11]. На 15 јули 1974 година, националниот премиер на кипарските Грци и елементите на Грчката воена хунта започнале процес на еносис[12][13], односно процес за присоединување на Кипар кон Грција[14]. Поради овие настани, од страна на Турција била извршена инвазија на островот на 20 јули 1974 година[15], што довело до воспоставување на денешна територија Северен Кипар, и раселување на над 150.000 кипарски Грци[16][17] и 50.000 кипарски Турци[18]. Одделна држава на кипарските Турци на север била формирана со декларација во 1983 година. Овој потег бил широко осуден од меѓународната заедница, при што само Турција ја признала новата држава. Овие настани и политичката ситуација се прашања на континуиран спор.
Република Кипар има де јуре суверенитет над целиот остров, вклучувајќи ги и нејзините територијални води и ексклузивна економска зона, со исклучок на суверените подрачја на Акротири и Декелија, кои остануваат под контрола на Велика Британија според Лондонските и Циришките договори[19]. Сепак, Република Кипар де факто е поделен на два главни дела: подрачјето под делотворна контрола на републиката, кое се наоѓа на југ и запад, и опфаќа околу 59% од областа на островот и на северот[20], управуван од самопрогласената Турска Република Северен Кипар што опфаќа околу 36% од областа на островот. Скоро 4% од областа на островот е покриена од тампон-зона на ООН. Меѓународната заедница смета дека северниот дел на островот е територија на Република Кипар, окупирана од турските сили[21][22][23][24][25]. Окупацијата се смета за нелегална според меѓународното право, што претставува илегална окупација на територијата на ЕУ откако Кипар станал член на Европската Унија[26].
Кипар е меѓу поважните туристички одредишта во Средоземјето[27][28][29]. Со напредна економија[30] и со висок приход и многу висок индекс за човековиот развој[31][32], Република Кипар е член на Комонвелтот од 1961 година и бил основач на Движењето на неврзаните до приклучувањето кон Европската Унија на 1 мај 2004 година[33]. На 1 јануари 2008 година, Република Кипар се приклучил на Еврозоната.