Конго (река)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Конго — единствена река која според количеството вода што го носи во океанот, може да се мери со Амазон. Конго е втора според должината река во Африка која прави голем прстен налево, а која ја носи водата од најголемиот дел од централна Африка. Горниот тек на Конго се полни со вода од дождовите што врнат на западните падини од Источноафриканската Висорамнина, близу до јужниот крај на езерото Тангањика во Замбија. Горниот тек ги собира водите од неколку помали реки и тече низ брзаци и низ помали езера пред да се спушти од седумте слапови на водопадите Бојома, спротивно од Кисангани и пред да влезе во басенот Конго - широка, речиси кружна, вдлабнатина, што се простира низ најголемиот дел на областа што ја полни со оваа река. Минувајќи низ низината реката значително се проширува, и до 13 км на одделни места, а низите острови го делат текот на неколку канали. Поголемиот дел од басенот е покриен со тропска дождовна шума, а по должината на бреговите на оваа река и на нејзините притоки се простираат широки мочуришта. Мочурливата почва, како што е познато, се плави во секој период од годината, особено во западната половина на речниот басен. Кога ќе се изедначат највисоките нивоа на водостоите на притоките, може да се случат големи поплави. Конго го напушта својот басен, течејќи кон југ низ тесната клуисура, позната како Ченал или Коридор, што е брежана во висорамнината Батаке. Конги потоа се шири и се влева во езерото Малебо, широко 27 км. Градот Бразавил се наоѓа на северниот брег, а Киншаса на јужниот. Спротиводно од езерото Конго, реката е пловна над 1,600 км од својата должина. Течејќи спротиводно од Малебо, многу брзаци и водопади, кои многу им пречеле на европските истражувачи, го спречуваат директниот пристап кон морето. Со должина од околу 320 км реката се спушта речиси 300 м, а потоа тече низ клисура и низ шуми со мангрови сè до Атлантикот. Текот на Конго е толку постојан и силен што не создава делта; наместо тоа, тој продолжува да тече по должината на подводниот кањон, таложејќи седименти во вид на лепеза на дното од океанот. Многу од земјишните облици по должината на текот на реката Конго (во кои спаѓаат и езерото Малебо, водопадите Бојома и градот Кисангани) порано го носеле името на британскиот истражувач Хенри Стенли, кој, заедно со својот сопатник, Французинот Пјер Браз, бил меѓу првите Европејци кои ја истражиле оваа област на африканскиот континент.
Конго Le fleuve Congo | |
River Zaire | |
River | |
Реката Конго кај Мосака | |
Земји | Ангола, Бурунди, Камерун, Централноафриканска Република, ДР Конго, Габон, Република Конго, Руанда, Танзанија, Замбија |
---|---|
Утока | Атлантски Океан |
Должина | 4.700 км |
Слив | 4.014.500 км2 |
Истек | |
- просечен | 41.000 м3/с |
- максимален | 75.000 м3/с |
- минимален | 23.000 м3/с |
|