Република Конго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Конго (француски: Congo; конгоански: Kongo; лингала: Kongó) или официјално Република Конго (француски: République du Congo; конгоански: Repubilika ya Kongo; лингала: Republiki ya Kongó) или уште позната како Конго-Бразавил или Мало Конго е држава во Централна Африка. Државата се граничи со Габон на запад, со Камерун на северозапад, со Централноафриканската Република на север, со Демократска Република Конго на запад и југ и со Ангола или поточно со ексклавата Кабинда на југозапад. На југозапад државата излегува на Атлантскиот Океан. Главен и најголем град е Бразавил, додека службен јазик е францускиот.
- Не ја поистоветувајте оваа држава со Демократска Република Конго. За други значења видете Конго.
Република Конго République du Congo (француски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Unité, Travail, Progrès (француски) "Единство, Работа, Прогрес" |
||||||
Химна: La Congolaise |
||||||
Главен град | Бразавил 4°16′S 15°17′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | француски | |||||
Признаени регионални јазици | конгоански/китуба, лингала | |||||
Демоним | Конгоанец | |||||
Уредување | Унитарна полупретседателска република под авторитарна власт | |||||
• | Претседател | Денис Сасу Нгуесо | ||||
• | Премиер | Анатол Колинет Макосо | ||||
Независност | од Франција | |||||
• | Датум | 15 август 1960 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 342,000 км2 (64-та) | ||||
• | Вода (%) | 3.3 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 5,927,000 | ||||
• | Густина | 10.8 жит/км2 (204-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупен | ▲ $34.2 милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $6,233 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2024 г. | |||||
• | Вкупно | ▲ $16.1 милијарди | ||||
• | По жител | ▲ $3,291 | ||||
ИЧР (2024) | ▲ 0.585[1] среден |
|||||
Валута | Франк (XAF ) |
|||||
Часовен појас | WAT | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .cg | |||||
Повик. бр. | 242 |
Порано државата била француска колонија.[2] По независноста, регионот Средно Конго во 1960 година станал Република Конго. Прво државата била со комунистички систем и била позната како Народна Република Конго, но во 1991 година се променила во повеќепартиски систем. Вкупната површина на Република Конго изнесува 342.000 км2 каде живеат 3.686.000 жители.