From Wikipedia, the free encyclopedia
Коралните гребени претставуваат топли, чисти и плитки океански станишта кои се богати со жив свет. Масивната структура на гребенот се образува од коралните полипи, ситни животни кои живеат во колонии. Кога коралните полипи изумираат, тие оставаат цврста каменеста разгранета структура составена од варовник.
Коралот е засолниште за многу животни во ова сложено станиште, вклучувајќи сунѓери, голожабрени полжави, риби (како црноврвна гребенска ајкула, риба-кловн, јагула, папагалска риба, риба-скорпија итн.), медузи, анемони, морски ѕвезди, ракови, желки, морски змии, полжави и други мекотели (октоподи, наутилуси и школки). Птиците се исхрануваат со животните од коралниот гребен.
Постојат два типа на корали: цврсти и меки корали. Цврстите корали имаат цврсти, варовникови скелети кои ја образуваат основата на коралните гребени. Меките корали не градат корални гребени.
Коралните гребени се развиваат во плитка, топла вода, најчесто близу копното и обично во тропските предели; коралите сакаат температури меѓу 21 до 30 °C. Постојат корални гребени во водите далеку од источниот брег на Африка, потоа кај јужниот брег на Индија, во Црвеното Море, како и кај бреговите на североисточна и северозападна Австралија и кај Полинезија. Исто така постојат гребени кај брегот на Флорида во САД, потоа кај Карибите и Бразил.
Големиот Корален Гребен (близу брегот на Квинсленд, Австралија) е најголемиот корален гребен во светот. Долг е преку 2.000 километри.
Постојат неколку типови на корални гребени:
Многу корални гребени се во фаза на изумирање. Главните закани за коралните гребени се загадување на водата (од канализација и земјоделство), безгрижно собирање на корални примероци и седиментација (кога песок или друг материјал од градилиштата или рудниците ја заматува водата на гребенот и ги убива коралите, на кои им е потребна светлина за живот).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.