Корозија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Корозија[1] или 'рѓосување[2] е физичко-хемиски процес на оксидација на некои метали (на пр. железото). Општо земено, корозијата е процес во којшто под влијание на околината, некој материјал ги губи првобитниет својства и се разрушува. На пример, постепеното пропаѓање на мермерот или варовникот треба да се смета за процес на корозија. Дури и стаклото при подолго стоење во почвата е подложно на корозија, но најголемо практично значење има корозијата на металите, особено на железото.[3]