Кошќушко (планина)
највисока планина во Австралија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кошќушко (англиски: Mount Kosciuszko, од полски: Kościuszko) — планина во венецот Снежни Планини на територијата на Националниот парк Кошќушко во Нов Јужен Велс, Австралија. Со висина од 2.228 м, ова е со највисоката планина во Австралија (не сметајќи ги надворешните територии).[1] Наречена е по во чест на полскиот национален херој и војсководец во Американската војна за независност, Тадеуш Кошќушко (1746-1817), кое ѝ го дал полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки во 1840 г. поради тоа што по облик му личела на истоимената тумба во Краков.[2]
Кошќушко | |
---|---|
Mount Kosciuszko | |
Источната страна на Кошќушко | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.228 м AHD [1] |
Истакнатост | 2.228 м |
Заведена како | седум врвови, ултра |
Друго име | Mount Kosciuszko |
Географија | |
Покраина | AU-NS |
Матичен венец | Големи Разводни Планини |
Искачување | |
Прво освојување | 1840 од Павел Едмунд Стшелецки |
Најлесен пат | пешачење (козја патека) |
Вровот и околните предели се под снег во зима и пролет (обично од почетокот на јуни до крајот на октомври и подоцна).
Националниот парк Кошќушко ги нуди најблиските скијачки центри до градовите Канбера и Сиднеј: Тредбо, Шарлот Пас и Перишер Блу. Можно е планината да била искачена од Абориџините долго пред доселувањето на Европејците.
Во декември секоја година се одржува ултрамаратонска трка „Од брегот до Кошќушко“ (Coast to Kosciuszko) во должина од 240 км — од морето до самиот врв на планината.[3]