Крал (шах)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралот (♔,♚) е најважната фигура во шахот. Целта на играта е да се вршат закани кон противничкиот крал на начин што тој нема да може да побегне (шах-мат). Ако кралот на играчот е под закана од туркање, тогаш се вели шах, и играчот мора да ја отстрани заканата со следниот потег. Ако тоа не може да се стори, тогаш се вели шах-мат, при што играчот губи. Играчот не може да направи ниту еден потег со кој ќе го постави својот крал во шах. Иако кралот е најважната фигура, често е и најслабата во подоцнежната фаза од играта, кога се останати само неколку фигури на шаховската табла.