Кралско друштво
англиска научна академија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралско друштво (англиски: Royal Society), полн назив: „Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата“ (The President, Council, and Fellows of the Royal Society of London for Improving Natural Knowledge)[1] — национална академија на науките на Велика Британија и најстара постоечка оргнизација од овој вид во светот. Основано е во 1660 г. со повелба на кралот Чарлс II.[2] Покрај улогата а академија, друштвото претставува советодавно тело на владата и обезбедува средства за научни истражувања за поединци, организации и претпријатија.
Гесло | Nullius in verba |
---|---|
Основана | 1660 |
Седиште | Лондон, Велика Британија |
Координати | 51°30′21.53″N 0°07′56.86″W |
Членство |
|
Претседател | Венкатраман Рамакришнан |
Мреж. место | royalsociety.org |
Со друштвото управува совет на чие чело стои преседателот согласно низа статути и трајни налози. Советниците и претседателот се бираат од членовите, како и самите членови. Членството моментално брои 1.450 луѓе, при што секоја година се назначуваат до 52 членови. Сите имаат право да ја користат кратенката „FRS“ (Fellow of the Royal Society, „Член на Кралското друштво“) по своето име и презиме. Покрај ова, постојат и кралски членови, почесни членови и странски членови. Странските членови имаат право на кратенката „ForMemRS“ (Foreign Member of the Royal Society, „Странски член на Кралското друштво“).
Почнувајќи од 1967 г. друштвото е сместено на бр. 6–9 од зданието „Карлтон Хаус Терас“ во Вестминстер, централен Лондон.