Крвоток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крвотокот (циркулаторен систем,[1] во поширока смисла) кај целиот животински свет е одговорен за транспортот на материите низ организмот, и тоа:
- Хранливите материи и кислородот до клетките.
- Екскретите (метаболитите) од клетките.
Исто така, овој органски систем учествува и во имунитетот на организмот.
Кај цицачите се среќаваат два вида на циркулаторни системи и тоа:
- Крвен (кардиоваскуларен) систем, кој е од затворен тип на циркулаторен систем.
- Лимфен систем, кој е од отворен тип на циркулаторен систем.
Крвниот (кардиоваскуларен) систем се состои од срце, крвни садови и крв.
Лимфниот систем се состои од лимфа, лимфни садови и лимфоидни органи.
Функциите на крвотокот се следните:
- пренос на гасови (главно O2 и CO2)
- пренос на екскрети од ткивата до жабрите, белите дробови и кожата
- пренос на хранливи материи од цревата
- пренос на хормони
- пренос на составните делови на имунолошкиот систем
- осморегулација и
- терморегулација.