Кум II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кум II (англиски: The Godfather II) — американски криминалистички филм од 1974 година, режиран и продуциран од Френсис Форд Копола, кој е автор и на сценариото, заедно со Марио Пузо. Главните улоги во филмот ги играат: Ал Пачино, Роберт Дувал, Дајан Китон и Роберт Де Ниро, Џон Казале, Ли Стразберг, итн. Филмот делумно се заснова на истоимениот роман и претставува следбеник на филмот „Кум“. Во 1975 година, филмот имал 11 номинации, а освоил шест награди „Оскар“, во категориите: најдобар филм, најдобар глумец во споредна улога (Де Ниро), најдобар режисер, најдобра сценографија, најдобра музика (Нино Рота и Кармин Копола) и најдобро адаптирано сценарио. Истата година, филмот освоил пет награди „Златен глобус“, а во 1993 година филмот бил заведен во Националниот филмски регистер на САД. Вкупно, филмот освоил 16 награди.[3]
„Кум II[1]“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Френсис Форд Копола |
Продуцент | Френсис Форд Копола Греј Фредриксон Фред Рус[2] |
Главни улоги | Ал Пачино Роберт Дувал Дајан Китон Роберт Де Ниро Талија Шири Моргана Кинг Џон Казали Маријана Хил Ли Страсберг |
Музика | Нино Рота Кармин Копола(дополнителна музика) |
Кинематографија | Гордон Вилис |
Монтажа | Бери Малкин Ричард Маркс Питер Зинер |
Студио | Компанија на Копола |
Дистрибутер | „Paramount Pictures“ |
Премиера | декември 12 1974 (1974-12-12) (Њујорк) декември 20 1974 (1974-12-20) (САД) |
Времетраење | 200 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски Сицилијански |
Буџет | $13 милиони |
Бруто заработка | $193.000.000 |