Кумановска Котлина
котлина во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кумановската Котлина — котлина на крајниот север на Македонија. Границата на котлината е јасно изразена на западната, северозападната и северната страна, каде води по билата на Скопска Црна Гора (претставена со нејзиниот огранок Карадак), Руен (775 м.) и на Козјак (1326 м.), а потешко може да се следи југоисточната граница спрема Овче Поле. Слично е и со северната граница каде ја сече Кумановско-прешевската долина. Кумановска Котлина, во Република Македонија зафаќа површина од 1290 км2, а мал дел од 66 км2 припаѓа на Србија.[1]