куќа во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќа на Арнаудови — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]
Куќа на Арнаудови | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Куќата се наоѓа во стариот дел на градот, на стрмен наклон на улицата „Климентов Универзитет“ бр. 45 (стара адреса „Нада Филева“ бр. 54) на раскрсницата со ул. „Охридска Архиепископија“. Му припаѓала на Тодор Арнаудов.[2]
На 1 јануари 1951 година куќата е прогласена за споменик на културата.[3]
Градбата се состои од приземје два еркерно издадени ката. Сите ѕидови се малтерисани однатре и однадвор. Приземјето и делови од првиот кат се од камен, а остатокот од куќата е бондручен. Значајната косина на теренот води до појавата на два влеза — за приземјето и за првиот кат. На приземието има подрум, керал и нужник. По дрвени скали се доаѓа до првиот кат на кој има три простории – хима, зимнска просторија и чардак, на кој е преградено одајче со вграден долап. На вториот кат има три простории – простран чардак и две спални соби.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.