Ласер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ласер (англиски: Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation или засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење)[1][2][3] е оптички извор кој емитира фотони во истофрекфентен зрак. Просторната истоветност овозможува ласерот да се насочи во мал сноп при што се „ создава истофрекфентна светлина“ со која пак може да се сече и гравира. Ласерската светлина е скоро еднобојна, т.е. се состои од единечна бранова должина односно боја емитирана во тесен сноп. Ова е спротивно на вообичаените извори на светлина, како обичната светилка која емитира неистофрекфентни фотони во скоро сите правци, и вообичаено во широк спектар на бранови должини.