Летни олимписки игри 1964
From Wikipedia, the free encyclopedia
Летните олимписки игри - 1964 или 18-те Летни олимписки игри се одржале во Токио. Токио бил избран за град-домаќин на 55-тата сесија на МОК одржана на 26 мај 1959 во Минхен. Поразени кандидати биле Детроит, Брисел и Виена. Токио за првпат бил избран за домаќин на Летните оилимписки игри - 1940, но поради јапонската инвазија на Кина за град-домаќин на игрите бил избран градот Хелсинки. Но, игрите не се одржале поради Втората светска војна. Со игрите во 1964 година, Токио станал првиот град на континентот Азија којшто бил домаќин на едни Олимписки игри воопшто. На игрите не учествувала Јужноафриканската Република во којашто постоел расизам во речиси сите спортови.
Кратки факти Град домаќин, Бр. на држави ...
IX Зимски олимписки игри | |
Град домаќин | Инсбрук, Австрија |
---|---|
Бр. на држави | 93 |
Бр. на спортисти | 5,151 (4,473 мажи, 678 жени) |
Натпревари | 163 од 19 спортови |
Отворени | 29 јануари |
Затворени | 9 февруари |
Официјално отворени од: | Шова[1] |
Спортска заклетва | Такаши Оно |
Олимписки оган | Јошинори Сакаи |
Стадион | Бергисел |
Затвори
Ова се резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите:
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1964 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | ||||
Токио | Јапонија | 34 | ||||
Детроит | САД | 10 | ||||
Виена | Австрија | 9 | ||||
Брисел | Белгија | 5 |