From Wikipedia, the free encyclopedia
Лорд Џим (англиски: Lord Jim) е роман на писателот Џозеф Конрад, првично објавен во серијал во списанието Blackwood's Magazine во периодот од октомвриr 1899 до ноември 1900. Приказната на романот се развива со напуштањето на еден патнички брод со сè екипажот во водите на Југоисточна Азија, вклучително и еден млад британски морнар - Џим.
Автор | Џозеф Конрад |
---|---|
Изворен наслов | Lord Jim |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Жанр | психолошки роман модернизам |
Издавач | Blackwood's Magazine |
Издадена | 1900 |
OCLC | 4326282 |
Во 1988 година, Modern Library го рангирал романот „Лорд Џим“ на 85 место на списокот на 100 најдобри англиски романи на 20 век.
Романот е производ на еден специфичен момент во историјата на британското општество кога стариот вредносен систем, кој сè уште е во сила, коегзистира со новото чувство за проблематизирантата индивидуалност. Во центарот на настаните се наоѓа Лорд Џим, еден вид донкихотски лик, распнат меѓу замислената претстава за себеси и суровата реалност. Неговата трагична грешка е што не може да го премости јазот меѓу своите херојски идеали, кои се дел од неговата фантазија, и практичното дејствување што припаѓа на реалноста. Книгата претставува врв на прозното мајсторство на Конрад, комбинација од вешт стил и софистицирана структура. Настаните се раскажани преку неколку раскажувачи, согледани од различни гледни точки, при што хронолошкиот редослед често е измешан. Со тоа авторот ја доловува комплексноста и суштинската недофатливост на модерната човекова егзистенција.[1]
Во1998, Modern Library го рангирала романот „Лорд Џим“ на 85 место на списокот на 100 најдобри англиски романи за 20 век.[2] Во 1999, францускиот весник „Ле Монд“ направил проглас помеѓу читачите за да кажат кои од 200-те избрани романи во 20 век би ги препораќале. Романот „Лорд Џим“ бил на 75 место.[3]
Книгата двапати се појавила во филмска форма:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.