Лорд Волдеморт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лорд Волдеморт (англиски: Lord Voldemort, англиски изговор: /ˈvoʊldəmɔrt/ или /ˈvoʊldəmɔr/)[1][2] или Том Марволо Ридл(англиски: Tom Marvolo Riddle) е измислен лик и главниот антагонист во Хари Потер серијалот романи напишани од британската писателка Џ. К. Роулинг. Волдеморт првпат се појавува во Хари Потер и Каменот на мудроста, која беше издадена во 1997. Волдеморт се појавува или лично или во ретроспективи во секоја книга од серијата, со исклучок на третата, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан. Волдеморт исто така се има појавено и во сите филмски адаптации до сега, со исклучок на третата. Волдеморт е повеќепати изгласан како број еден во анкети и за литературни и за филмски негативци.[3][4]
Лорд Волдеморт | |
---|---|
лик од 'Хари Потер' | |
Ralph Fiennes како Волдеморт во Хари Потер и Редот на фениксот | |
Дом | Слитерин |
Глумец | Ралф Фиенс Кристијан Калсн, како шеснаесетгодишен во ХП2 Hero Fiennes Tiffin, како единаесет годишен во ХП6 Френк Дилејн, како шеснаесетгодишен во ХП6 Ијан Харт глас во ХП1 Ричард Бремер, без-лице во ХП1 |
Прво појавување | Хари Потер и Каменот на мудроста |
Во серијалот, Волдеморт е заплетниот непријател на Хари Потер, кој според пророштво ја поседува моќта да го порази. Тој цели да го освои не само Волшебничкиот свет туку и на светот на Нормалните - Muggles (неволшебниот). Толку е стравуван што речиси никој не го користи неговото вистинско име, наместо тоа е нарекуван „Знаеш-кој“ или „Тој-чие-име-не-смее-да-се-изговори“. Дури и неговите следбеници - смртојади му се упатуваат со „Мрачниот Господар“. Роден е како Том Марволо Ридл[белешка 1], последниот потомок на волшебникот Слазар Слитерин,[5] еден од четирите основачи на Хогвортс училиштето.
Според интервју со Роулинг, „Voldemort“ се изговара со немо 't' на крајот, како што е често во францускиот.[2] Овој изговор беше искористен од Џим Дејл во првите четири аудио книги; како и да е, по излегувањето на филмската адаптција на Хари Потер и Каменот на мудроста, во која ликовите кои се осмелуваат да го изговорат неговото име го изговараат со „t“, Дејл го променил изговорот како тој од филмовите. Изговорот е оттогаш користен и во останатите филмови. Кај нас, во преводот на првите пет книги името е пишувано со последното „т“, додека во шестиот превод последното „т“ е изоставено.