австриски филозоф From Wikipedia, the free encyclopedia
Лудвиг Јосеф Јохан Витгенштајн (германски: Ludwig Josef Johann Wittgenstein; 26 април 1889 – 29 април 1951) е австриско-британски филозоф, познат по својот интелектуален придонес во: логиката, филозофија на математиката, филозофија на духот и филозофија на јазикот.[5] Од 1929 до 1947 година, Витгенштајн предава на Универзитетот во Кембриџ.[6] За време на неговиот живот, тој објавува една мала книга од 75 страници, која го носи насловот Логичко-филозофски трактат (1921), една статија, една книжевна критика и детски речник.[7] Неговите поголеми ракописи се уредени и објавени посмртно. Филозофски истражувања е објавена како книга во 1953 и е веднаш препознаена за една од најважните филозофски дела во XX век.[8] Неговиот учител Бертранд Расел го опишува Витгенштајн како „најсоврешениот пример за гениј, во традиционална смисла на зборот, кој досега сум го запознал; страствен, длабок, жив и доминантен.“[9]
Лудвиг Витгенштајн Ludwig Wittgenstein | |
---|---|
Витгенштајн во 1930 | |
Роден(а) | Лудвид Јосеф Јохан Витгенштајн 26 април 1889 Виена, Австроунгарија |
Починал(а) | 29 април 1951 62) Кембриџ, Англија | (возр.
Установа | Технички универзитет во Берлин Тринити колеџ, Кембриџ |
Мреж. место | Архивите на Витгенштајн во Универзитетот во Берген Архивите во Кембриџ |
Период | Филозофија на ХХ. век |
Школа | Аналитичка филозофија |
Установи | Универзитет во Кембриџ |
Претежна дејност | Логика, Метафизика, Филозофија на јазикот, Филозофија на математиката, Филозофија на духот, Епистемологија |
Значајни идеи | Ликовна теорија на јазикот Функции на вистинитост Состојба на работите Логичка нужност Значењето е употреба Јазични игри Семејна сличност Анти-реализам Витгенштајнова филозофија на математиката Филозофија на секојдневен јазик Семантички екстернализам Критика на теорија на множествата[1] |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Потпис | |
Роден во едно од најбогатите европски семејства во Виена, Витгенштајн, во 1913, наследува огромно богатство од татко му. Значителен дел од богатството го распределува на посиромашни уметници. Додека страдал од длабока депресија по завршувањето на Првата светска војна, го разделува остатокот од своето богатство на своите браќа и сестри.[10][11] Три од неговите браќа извршуваат самоубиство, повремена помисла и на самиот Витгенштајн.[12] Го напушта школувањето неколкупати за да отслужи воен рок, борејќи се на фронтовите за време на Првата светска војна, каде бил повеќе-кратно награден за својата храброст; предава во неколку училишта во некои помали австриски села, од каде потекнува гласината дека ги тепал децата доколку правеле математички грешки; и работел како болничар за време на Втората светска војна во Лондон каде наводно ги советувал пациентите да не ги пијат лекарствата кои им биле препишани, а истовремено затајувал дека е светски познат филозоф.[13] Тој ја опишува филозофијата како „единственото нешто што ми дава вистинско задоволство.“[14]
Неговата филозофија честопати се дели на ран период, кој се одликува со Трактатот и доцен период, артикулиран во Филозофските истражувања. Раниот Витгенштајн се занимава со логичката врска помеѓу јазичните искази и светот, уверен дека ако ја пронајде и обработи врската помеѓу тие две нешта, би ги решил сите филозофски проблеми. Доцниот Витгенштајн поништува голем дел од кажаното во Трактатот, тврдејќи дека всушност значењето на зборовите произлегува од нивната употреба во конкретно дадена јазична игра.[15]
Влијанието на Витгенштајн е присутно во речиси секое поле на хуманистичките и општествените науки, иако постојат разновидни толкувања на неговата мисла. Со зборовите на неговиот пријател и колега Георг Хенрик вон Рајт:
Тој мислеше дека... неговите идеи се неразбрани и извитоперени дури и од оние негови само-прогласени следбеници. Се сомневаше дека ќе биде подобро сфатен во иднина. Еднаш рече дека се чувствува како да пишува за луѓе кои ќе мислат на различен начин и ќе дишат различен животен воздух од денешните луѓе.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.