From Wikipedia, the free encyclopedia
Салатата Македонија содржи различни овошја сецкани на ситни парченца. Најчесто се служи за десерт. Рецептот може да варира, но состојки како портокал, банана и јаболко се содржани во скоро сите варијанти.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Зборот „македонија“ со значење мешана овошна салата бил популаризиран на крајот на 18 век, посочувајќи на разновидните потекла на луѓето во Македонското Царство на Александар Велики.[1][2] Постои едно верување дека се однесува на етничката разновидност во регионот Македонија во 19 век, но хронологијата и современите извори ја побиваат оваа интерпретација. Macedoine може да се однесува на секаква збирка на неповрзани работи, не само за јадење.[3]
Во Македонија постои[се бара извор] урбана легенда дека првпат била направена на Версајскиот мировен договор во 1919 година, каде што била послужена како десерт на преговарачите, а името ѝ го ставил главниот готвач на преговорите во Париз, кој бил по потекло Македонец и со ситното сецкање на овошјата алудирал на состојбата на својата држава во тоа време, но не постојат апсолутно никакви показатели дека било кој дел од ова тврдење има основа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.