Македонска дијалектологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонската дијалектологија е посебна развиена гранка на македонистиката која се занимава со проучување, истражување, документирање и зачувување на македонските дијалекти. Како стабилна научна дисциплина во македонистиката, дијалектологијата се развила после кодификацијата на македонскиот јазик, но нејзиното присуство се забележува и пред 1940-те години. Дијалектологијата на македонскиот јазик е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови кои се занимавале со македонскиот јазик или од втората половина на 19 век.[1] Како позначајни македонски дијалектолози се забележуваат Ватрослав Јагиќ, Ватрослав Облак, Виктор Иванович Григориевич, Мјечислав Малецки, Зузана Тополињска, Божидар Видоески и други.[2]