Македонско движење и српската пропаганда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонското движење и српската пропаганда првите контакти ги остваруваат во средината на 70-те години на 19 век, а поголема заедничка соработка се забележува во текот на 80-те години на 19 век. До соработка меѓу двете страни дошло поради отворениот македонизам од страна на српската пропаганда, како и интересот на македонските дејци за помош против сè повеќе засиленото настапување на бугарската црковно-просветната пропаганда во Македонија. Соработката меѓу двете страни траела до оној момент кога Македонците ги откриле вистинските намери на Белград и неговите пропагандисти.