Мариински театар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мариински театар (руски: [Мариинский театр] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — значаен балетски и оперски театар во Санкт Петербург, Русија. Отворен е во 1860 година, станал еден од најистакнатите музички театри во Русија на касниот деветнаесетти век, каде премиерно се изведени многубројни ремек дела на Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски и Николај Римски-Корсаков. Во поголемиот дел од времето на Советскиот Сојуз, театарот бил познат како Киров театар. Денес, Мариинскиот театар е дом на Мариинскиот балет, Маринската опера и Мариинскиот оркестар. По пензионирањето на Јуриј Темирканов во 1988 година, генерален директор на театарот е диригентот Валериј Гергиев.[1][2]