Марија Домбровска
полска писателка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марија Домбровска (мом. Шумска; полски: Maria Dąbrowska; 6 октомври 1889 во Русув — 19 мај 1965 во Варшава) — полска писателка, романописец, есеист, новинар и драматург,[1] која го напишала познатиот полски историски роман „Ноќи и денови“ (Noce i dnie) помеѓу 1932 и 1934 година во четири одвоени книги. На основа на романот бил направен филм со истиот наслов во 1975 година од Јежи Антчак.[2] Домбровска била наградена со престижната награда „златен ловор“ на Полската академија на книжевноста во 1935 година.
Кратки факти Марија Домбровска, Роден/а ...
Марија Домбровска | |
---|---|
Марија Домбровска | |
Роден/а | 6 октомври 1889(1889-10-06) Русув |
Починат/а | 19 мај 1965(1965-05-19) (возр. 75) Варшава, НР Полска |
Јазик | полски |
Националност | Полјачка |
Значајни дела | „Ноќи и денови“ (Noce i dnie) |
Затвори