Маршалов план
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маршалов план, официјално наречен План за европска обнова — план на САД за обновување на повоена Европа и сузбивање на влијанието на комунизмот по Втората светска војна.[1] Задачата за подготовка на планот ја добил Џорџ Маршал и неговите колеги од Стејт департментот, а покрај Маршал за подготовка на планот најмногу придонеле Вилијам Клејтон и Џорџ Кенан.