Масаи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Масаи е народ од источно-суданското семејство на народи, гранка на Нилотите. Околку 300 000 припадници на народот „Масаи“ живеат во Кенија и Танзанија. Многу од нив живеат традиционален начин на живот и одгледуваат стока на саваните. Основна социјална единица е бома. 20 до 50 вакви боми сочинуваат село. Племето Масаи е полуномадски народ, верен на својата традиција. Ако во местото на живеење се случат големи несреќи, тие се селат од таму, дури и кога живеат во поголемите градови. Мажите Масаи се сметаат себеси за воини, носат долго копје и долга коса што ја фарбаат црвена. На свечености, се мачкаат по лицето со црвени бои. Жените сосема спротивно од нив, ја бричат главата и воопшто немаат коса. Мажите изработуваат накит од мониста и се китат со него. Жените Масаи носат раскошни ѓердани од бисери, бројот и боите на бисерите покажуваат дали жената е мажена и колку деца има таа. Бисерите, исто така покажуваат колку богата е таа. Останатите домородни племиња не ги сакаат луѓето од племето Масаи, ги сметаат за нецивилизирани, но за туристите најчесто се атракција. Масаите говорат Маа јазик кој припаѓа на групата нилосахарски јазици. Традиционалната Масаи религија е монотеистичка и Бог се нарекува Енга. Мал број од народот Масаи се школувани, и најчесто школуваните не остануваат во Масаи заедницата, туку си ја бараат среќата на друго место. Живеат во мали колиби, толку ниски што во нив не можеш да стоиш исправен. Најчесто се сточари, и главно јадење им е месото од закланите животни. Традиција е да ја пијат крвта од животното што го заклале, и традицијата налага мажите и жените да не јадат заедно. Жените не смеат дури ни да ја допрат храната која треба да ја јаде Масаи воинот, и единствено нешто што жената може да го направи за својот сопруг е да му свари чај. А чај пијат често, како замена за оброци, бидејќи јадат месо еднаш на неколку дена. Се смета за културно да го примат во колибата на спиење и јадење било кој Масаи патник, но само ако е на слична возраст како мажот што живее во таа колиба. Натаму традицијата налага Масаи воинот да има многу деца, но не мора да се од иста жена. Кај нив преовладува полигамијата. Се женат според своите, а не според државните правила, и најчесто немаат никакви документи. Женските деца ги мажат рано, најчесто ги даваат како втора, трета или четврта жена на некој многу постар од неа Масаи воин. За мажите важи правилото – првото свое дете и го дава на својата мајка, кое треба да и служи како слуга (значи детето живее со својата баба, а не со својата мајка).
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |