Месјеов каталог
астрономски каталог / From Wikipedia, the free encyclopedia
Месјеов каталог — каталог на астрономски објекти попишани за првпат од францускиот астроном Шарл Месје во 1771 г.[1] Изворниот повод за каталогот е фактот што Месје бил ловец на комети и негодувал кога ќе забележел објекти што личеле на комети, но се испоставувало дека не биле комети. Затоа составил список на овие објекти,[2] во соработка со неговиот помошник Пјер Мешен.
Италијанскиот астроном Џовани Батиста Ходиерна објавил сличен ваков список уште во 1654 г., но истата не извршила никакво влијание и веројатно не му била позната на Месје.[3]