Минато неопределено свршено време во македонскиот јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Минатото неопределено свршено време (МНСВ) или перфект од свршени глаголи е сложена глаголска форма во македонскиот јазик со која се искажува прекажано дејство и дејство кое се кажува директно. Во лингвистиката ова време се нарекува перфект, поконкретно во македонистиката перфект од свршени глаголи. Минатото неопределено свршено време функционира слично како англискиот сегашен перфект т.е. present perfect simple. Карактеристично за ова време е образувањето со глаголска л-форма од глаголот кој се менува.
Македонски глаголски форми |
---|
Општо
Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
|
Карактеристично за македонскиот јазик е тоа што перфектот од свршени и несвршени глаголи развил две паралелни форми Едната форма, која е застапена во сите македонски говори, се прави со помошниот глагол „сум“ и глаголската л-форма и често овој перфект се нарекува „сум-перфект“ Втората форма се образува со помошниот глагол „има“ и глаголска придавка, и овој перфект често се нарекува „има-перфект“ Има-перфектот е почесто застапен во западните македонски говори и двете форми имаат скоро иста функција во реченицата и времето