Минута
единица за време / From Wikipedia, the free encyclopedia
Минута (симб. мин, min или ') е мерна единица за време и агол. Таа е 1⁄60 од часот или степенот[1] и е поделена на 60 секунди. Во скалата на координирано универзално време (UTC), постојат ретки случаи кајшто минутата има 59 или 61 секунди (престапна секунда). Минутата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со единиците на SI.[2]