![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f0/Michel_Platini_in_Wroclaw_by_Klearchos_Kapoutsis_tight_crop.jpg/640px-Michel_Platini_in_Wroclaw_by_Klearchos_Kapoutsis_tight_crop.jpg&w=640&q=50)
Мишел Платини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мишел Франсоа Платини (франц. Michel François Platini; роден на 21 јуни 1955) — поранешен француски фудбалер и тренер и некогашен претседател на УЕФА. Тој бил прв играч во историјата кој успеал да ја освои наградата за Најдобар фудбалер на Европа три години по ред, а во 1999 бил избран за седми најдобар фудбалер на 20. век во изборот на IFFHS.
Мишел Платини | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 21 јуни 1955(1955-06-21) (68 г.) | ||
Роден во | Жоф, Франција | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | &100000000000001780000001,78 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 1988 (33 г.) | ||
Младинска кариера | |||
ФК Жоф | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1972–1979 |
![]() | 181 | (98) |
1979–1982 |
![]() | 104 | (58) |
1982–1987 |
![]() | 147 | (68) |
Репрезентација ‡ | |||
1976-1987 |
![]() | 72 | (41) |
1988 |
![]() | 1 | (0) |
Раководител на екипите | |||
1988–1992 |
![]() | ||
† Учества (Голови). |
Во текот на својата професионална фудбалска кариера, Платини играл за три клубови Нанси, Сент Етјен и Јувентус и бил член на француската репрезентација која триумфирала на Европското првенство 1984; турнир на кој исто така бил најдобар стрелец и прогласен за најдобар играч. Тој, учествувал и на три Светски првенства во 1978, 1982 и 1986, а на последните две триколорите стигнале до полуфиналето. Платини заедно со Ален Жирес, Луис Фернандес и Жан Тигана заедно го сочинувале познатиот таканаречен "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique") во средината на теренот и играчи кои го формирале срцето на француската репрезентација во текот на 1980-тите.
Платини се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на фудбалот, како и за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и играч со феномален завршен удар. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови (9) на завршницата на Европските првенства иако учествувал само на еден ваков турнир во 1984 година. И покрај тоа што важел за играч од средниот ред, тој исто така го држел и рекордот за најмногу постигнати голови за француската репрезентација сè додека напаѓачот Тјери Анри во 2007 година, не ја надминал неговата бројка од 41 постигнат погодок.
По завршувањето на играчката кариера тој бил и селектор на француската репрезентација четири години (1988-1992). Во јануари 2007, тој бил избран за 6-ти претседател на УЕФА и таа должност ја вршел до октомври 2015 година.