Мишел Уелбек
француски романописец, поет и режисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мишел Уелбек (француски: Michel Houellebecq), вистинско име Мишел Тома, (Реунион, 26 февруари 1956 ) - француски писател, поет, есеист и романописец. Кон крајот на деведесеттите години е еден од најпреведуваните современи автори кои пишуваат на француски јазик. Освен по своите литературни активности, тој е познат и како пејач, режисер и актер, а во кинематографијата се прославува во 2014 година со двата филма: „Грабнувањето на Мишел Уелбек“ и „Блиско искуство со смртта“. Уелберк станал познат со романите „Ширење на полето на борба“ и особено со „Елементарни честички“.[1] Со него и со следниот роман „Платформа“, Уелбек се смета за предвесник во француската литература,[2] особено во описите на емотивната и сексуална беда на западноверопските жители во 1990-тите години. За романот „Мапата и просторот“[3], Уелбек ја добил Гонкуровата награда во 2010 година, откако претходно повеќепати бил номиниран за неа.[4]
Мишел Уелбек | |
---|---|
Миеш Уелбек | |
Изворно име | Michel Houellebecq |
Роден/а | Мишел Тома 26 февруари 1956 Реунион, Франција |
Занимање | писател |
Националност | Французин |
Народност | Французин |
Апсолвент на | Писател, актер, режисер, сценарист, музички изведувач |
Жанр | роман, есеј, поезија |
Значајни награди | награда Тристан-Цара 1992 При де Флор 1996 ноемвриска награда 1998 Книга на годината 1998 Prix Impac 2002 Награда Интералие 2005 Гонкурова награда 2010 |