Момент на сила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Момент на сила, момент, или вртежен момент е способност на силата да заврти тело околу оска,[1] лост, или потпирач. Како што силата претставува привлекување или оттурнување, моментот на сила може да се смета како завртување на телото. Математички, моментот на сила се дефинира како векторски производ на векторот според кој дејствува силата во одредената точка релативно на оддалечената точка (растојание) и векторот на силата, која е причината за кружното движење.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Гледано лаички,моментот на сила е мерка за вртежната сила како што се на пример замаец или пак шраф. На пример, туркае или влечењена клуч поврзан со навртка или шраф создава момент на сила (вртежна сила) која ја олабавува или затегнува навртката.
Симболот на вртежен момент е буквата , или со мали грчки букви tau. Кога е наречена момент на сила,таа најчесто се означува со M.
Големината на вртежен момент зависи од три количини:применетата сила и должината на лостот[2] поврзувајќи ја оската до точката на применетата сила, и аголот помеѓу векторот на сила и лостот. Во симболи:
каде
- е вектор на вртежен момент е симбол на вртежниот момент,
- r е вектор на позиција (вектор од потеклото на координатен систем дефиниран до точка каде што се применува сила)
- F е вектор на силата,
- × го означува производ на вектор,
- θ е аголот помеѓу векторот на сила и векторот на лостот.
Во SI за вртежен момент е Њутн (единица) (N⋅m). За повеќе единици на вртежен момент,погледни во единици за вртежен момент.