Моравија
историска земја во Чешка република / From Wikipedia, the free encyclopedia
Моравија (чешки: Morava; полски: Morawy; латински: Moravia) е област во Чешка. Порано таа била кнежевство, а еден од неговите кнезови бил и Ростислав, човекот кој испратил писмо до византискиот цар Михаил, за да прати луѓе кои ќе го описменат моравскиот народ на словенски јазик. Притоа, Михаил ги испратил Кирил и Методиј. Моравија се простира на 22.000 км2[3] и има 3 милиони жители, што претставува околу 30% од жителите во Чешка. Жителите се нарекувале Моравци. Името на оваа област доаѓа од името на реката Морава, која извира во северниот дел од регионот. Најголем град во Моравија и историски главен град е Брно.
Моравија Morava | |||
историски регион | |||
|
|||
Земја | Чешка Република | ||
---|---|---|---|
Главен град | Брно (историски) | ||
Површина | 22,348 км2 | ||
Местоположба на Моравија
|
Иако официјално не е административна единица од 1949 година, Моравија се смета за посебна земја во рамките на Чешката Република. Моравците се сметаат себеси за посебен народ со свој, моравски идентитет, и понекогаш се јавува соперништво меѓу нив и Чесите од Бохемија.[4][5]