Мордвински јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мордвински јазици — подгрупа на уралските јазици. Оваа група на јазици е составена од два живи јазика кои се зборуваат во Русија, а тие се мокшански јазик и ерзјански јазик.[1] До скоро време овие јазици се сметале за еден јазик именуван како мордвински јазик.[2] Поради разликите во фонологијата, зборовите и морфологијата овие јазици имаат посебен статус. Двата јазика не се меѓусебно разбирливи, па така рускиот се користи ако има потреба од меѓусебна разбирливост.[3]
Кратки факти Мордвински јазици, Народност: ...
Мордвински јазици | |
---|---|
Народност: | Мордвини |
Географска распространетост: | југозападна и југоисточна Русија |
Класификација: | уралски
|
Гранки: |
?мешчерански
|
Затвори
Двата јазика имаат поседни литературни стандарди. Ерзјанскиот бил кодифициран во 1922 година, а мокашнскиот во 1923 година.[4] Се верува дека изумрениот мешчерански јазик е дел од оваа група.