Единицата не му припаѓа на SI-системот, но е прифатена за употреба со неговите единици. Наоѓа особена примена во морската шпедиција и воздухопловството,[1] но и во поларните експедиции. Застапена е во меѓународното право и меѓународните договори, особено во однос на границите на територијалните води на државите. Морската милја потекнува од копнената милја и е сродна на неа.
Морската милја се користи од морепловците и авијатичарите ширум светот бидејќи е згодна при работа со карти. Највеќето карти се изработени со Меркаторовата проекција, чиј размер варира за фактор од 6 од екваторот до 80° СГШ и ЈГШ. Затоа не е можно да се приложи една иста скала кај размери помали од 1:80.000.[2] Бидејќи во практичното морепловство и воздухопловство, морската милја е еднаква на една минута геог. ширина, растојанието на картите лесно се мери со поделба, користејќи ја скалата за ГШ.
Меѓународната морска милја е дефинирана на Првото вонредно хидрографско собрание во Монако (1929) како точно 1 852метри.[1] Ова е единствената дефиниција во широка употреба според Меѓународната хидрографска организација (МХО) и Меѓународното биро за тегови и мерки (МБТМ). Пред 1929 г. постоеле разни дефиниции во разни земји, и затоа требало да помине време за новоутврдената мерка да се прифати СССР, Британија и САД.
10,126859 британски (100-фатен) кабли (точно: 11 575/1 143 британски кабли)
8,439049 американски (120-фатен) кабли (точно: 57 875/6 858 американски кабли)
0,998383 екваторски лачни минути (традиционални географски милји)
0,9998834 средни меридијански лачни минути (средни историски морски милји)
Од морската милја е изведена и единицата за брзинајазол. Таа се дефинира како една морска милја на час. Поимите „јазол“ произлегува од традиционалниот начин на мерење брзина со јаже и парче талпа („лог“) т.е. со броење на јазлите на јажето што ќе заминат во водата во текот на дадено време.
Bowditch, Nathaniel, LLD; и др., The American Practical Navigator(PDF) (2002. изд.), Washington: National Imagery and Mapping Agency, стр.34–35, Архивирано од изворникот(PDF) на 2012-03-15, Посетено на 2011-09-20
Bowditch, Nathaniel, LLD; и др. (1966 - Corrected Print), The American Practical Navigator, Washington: U.S. Navy Hydrographic Office, стр.945Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
Chart No. 1, Positions, Distances, Directions, Compass, Jointly by NOAA and Department of Commerce, USA, Архивирано од изворникот на 2011-08-10, Посетено на 2011-09-20 The cited book incorporates IHO Chart INT 1 and therefore represents the practice of the members of the IHO, most of the seafaring nations.
"For a point on the spheroid of the IAU System at geodetic latitude (Φ): 1 degree of latitude [=] (110.575 + 1.110 sin2Φ) km." Seidelmann, P. K. (Ed.), (1992), Explanatory supplement to the Astronomical almanac, Sausalito, CA: University Science Books, 700.