Мравка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мравки се еусоцијални инсекти од семејството formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenoptera. Мравките се појавиле наеднаш околу светот во доцниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци. Мравките еволуирале од семејство vespoid, еден тип на оси кои биле предци од периодот креда, кои станале мошне разновидни веќе поради зголемениот број на скриеносеменици. Повеќе од 12.500 од проценетите 22.000 видови на мравки се класифицирани до денес.[1][2] Тие лесно се препознатливи од нивните искривени антени и дистинктивната јасолеста структура на нивното тенко тело.
Мравки Период: Доцниот дел од креда – До денес | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Група на мравки од родот solenopsis | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Типски вид | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Formica rufa Лине, 1761 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потсемејства | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cladogram of
subfamilies
|
Мравките формираат живеалишта кои по големина се од неколку мравки грабливки што живеат заедно во мали природни дупки, до огромни организирани мравјалници кои окупираат големи територии, и се состојат од милиони мравки. Поголемите мравјалници имаат разни класи на стерилни, безкрилести женки, од кои повеќето се работници, како и војници и други специјализирани групи.[3][4] Речиси сите мравјалници имаат и плодни машки единки кои се наречени дрони, но и една или повеќе плодни женки наречени матици.[4] Мравјалниците се нарекуваат и суперорганизми затоа што мравките работат како едно, унифицирано суштество, за да ја поддржат заедницата.[5][6]
Мравките се присутни на речиси секој континент и остров на светот. Единствените места на коишто нема домородни мравки се Антарктикот и неколку ненаселиви острови. Мравките удобно живеат во повеќето екосистеми и вообичаено сочинуваат меѓу 15-25% од живата маса на копнени животни.[7] Нивното напредување во толку многу околини е главно поради на нивната социјална организација и нивната способност да ја изменат околината, да ги корстиат расположливите ресурси и да се бранат себеси. Нивното заедничко живеење со други видови довело до мимикрија, коменсализам, паразитизам и мутуализам[8]
Во заедниците на мравки има поделба на работа, комуникација измеѓу единките и способноста да извршат покомплицирани проблеми.[9] Овие сличности со човечкото општество одамна било инспирација за истражување. Голем број на култури ги користат мравките за храна, медицина и ритуали. Некои видови на мравки се користат за уништување на други инсекти, кои вообичаено се штетни.[10] Поради нивната способност да користат ресурси, во некои случаи мравките се наоѓаат во конфликт со луѓе бидејќи можно е да оштетат фарми, но и да извршат инвазија на згради. Некои видови, како Solenopsis invicta се сметаат за инвазивни мравки, кои се сместуваат во места каде што биле однесени нагрешка