Муласен
планина во Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Муласен (шпански: Mulhacén) — највисока планина во континентална Шпанија и целиот Пиринејски Полуостров. Претставува дел од венецот Сиера Невада во системот Панибетски Кордиљери. Наречен е по гранадскиот емир Абул Хасан Али (XV в.) познат како „Мула Хасан“ (шпан. Muley Hacén) кој, според народното предание, е закопан на врвот на планината.
Муласен | |
---|---|
Mulhacén | |
Северната страна на Муласен | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3.478 м [1] |
Истакнатост | 3.285 м [2] 64. место |
Друго име | Mulhacén |
Географија | |
Место | Гранада, Шпанија |
Покраина | ES |
Матичен венец | Сиера Невада |
Искачување | |
Прво освојување | непознато (пред 1500 г.)[3] |
Најлесен пат | искачување |
Ова е највисок врв во Европа [4] вон Кавказ и Алпите. Исто така го зазема третото место по топографска истакнатост во Западна Европа (по Монблан и Етна) и 64. место во светот.[2] Сепак, врвот не изгледа исклучително стрмен — јужното крило на планината е благо и не е тешко за искачување, а истото важи и за долгиот западен срт. Пократкиот и пострмен североисточен срт е малку потежок. Меѓутоа, северната страна на планината е многу пострмна и нуди неколку умерено стрмни патеки за искачување по снег и мраз преку зимата.[3]
Планината се искачува истиот ден поаѓајќи од селото Капилејра или Тревелез, но повообичаено е планинарите да преноќат во домот во Покејра или во засолништето во Калдера на запад. Оние што ја искачуваат планината од Травелез можат да бивакуваат крај езерцата на североисток од врвот.