Муслимански освојувања
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Муслиманските освојувања (632-732; арапски: فتح, Фатах, отворање,), исто така познати и како исламски освојувања или арапски освојувања,[1] започнале веднаш по смртта на исламскиот пророк Мухамед. Во текот на својот живот, Мухамед успеал да воспостави нова политичка унифицирана политика на Арапскиот полуостров. Во времето на Праведниот Калифат и Омејадите, муслиманската власт доживеала најголема експанзија на териториите на Азија, Африка и дел од Европа. Големата муслиманска империја во своите најдобри времиња се простирала на териториите на Северозападна Индија, Средна Азија, Блискиот Исток, Северна Африка, Јужна Италија, како и на Пиринејскиот Полуостров. Муслиманските освојувања довеле до пропаѓање на Сасанидското Царство и до големи територијални загуби на Византија.