Непозната Јужна Земја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Непозната Јужна Земја (латински: Terra Australis Incognita; исто така и: Неоткриена Јужна Земја,[1] Мистериозна јужна земја,[2] понекогаш само јужна земја) бил претпоставен континент околу Јужниот Пол, прикажан на европските карти од XV до XVIII век. Оцртувањето на копното било произволно, а неретко биле прикажувани и измислени планини, шуми и реки на континентот. Хипотезата за Јужната земја се засновала на погрешната претстава дека голема копнена количина на северната полутопка треба да биде „врамнотежена“ со исто толкава количина на јужната полутопка, „во спротивно Земјата би се превртила“.[3] Иако Антарктикот всушност постои, тогаш не се знаело за него, но по големина е неспоредливо помал од копното предвидено со хипотезата.