Нестор Алексиев Мирчевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нестор Алексиев Мирчевски (Осој, Дебарско, 25 март 1873 - Скопје, 17 јули 1969 ) — македонски копаничар од меѓународна слава и последен од големата тајфа на вакви уметници во Македонија.
Нестор Алексиев Мирчевски | |
---|---|
![]() Лазар и Нестор Мирчевски во Крушево, 1903 г. | |
Роден(а) | 25 март 1878(1878-03-25) Осој, Дебарско |
Починал(а) | 17 јули 1969 Скопје |
Националност | Македонец |
Занимање | копаничар |
Значајни дела | во текстот |
Деца | Миле, Борис, Михаил, Теодор, Александар |
Родители | Алексо Мирчев (татко) |
Роднини | Браќа:
|
Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарските иконостаси во Македонија и во други балкански земји. Негови подвизи се спасувањето на иконостасот од црквата „Св. Спас“ во Скопје во 1944 година од грабежот на Бугарите и изработувањето за 21 ден на саркофагот во резба во 1947 година со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија. Во 1939 година ја освоил првата награда на Светската изложба на уметничкото занаетчиство во Берлин и бил одликуван со Орден за посебни заслуги и со диплома за успешно прикажана резбарска уметност и фолклор од својот крај. За него се кажува дека бил Микеланџело на македонската резба и дека бил резбарот кој ги одушевил кралот Александар и Јосип Броз-Тито.
Како генијален мајстор на тридимензионално прикажување на сите делови на резбата, устабашија и наставник во Уметничкото училиште во Скопје, Мирчевски во својот осумдесетгодишен работен век оставил голем број дела во дрво и мермер не само во Македонија туку и во седум држави на европскиот континент. Тој го одбележал континуитетот, одделните творечки достигнувања, како и залезот на резбата во Македонија.