Оаза на морињата
From Wikipedia, the free encyclopedia
МБ „Оаза на морињата“ (англ. MS Oasis of the Seas) е крстосувач - најголемиот патнички брод на светот со капацитет од 5.400 патници.[1] Бродот бил дизајниран под името „Проект Генеза“ (Project Genesis). Бил порачан во февруари 2006. Кобилицата била поставена на 11 декември, 2007 во Акер Јардс во Турку, Финска. Во мај 2008 бил преименуван „Оаза на морињата“ (Oasis of the Seas) по одржаниот натпревар за именување на бродот.[2] Кога ќе се заврши во доцна 2009, бродот ќе тргне на крстарење низ Карибите од Еверглејдсското пристаниште во Форт Лодердејл, Флорида. Во блиска иднина ќе се започне со изградбата и на бродот „Allure of the Seas“.
Поглед на бродот на 30 октомври 2009 | |
Кариера | |
---|---|
Назив: |
„Оаза на морињата“ (Oasis of the Seas) |
Сопственик: |
Кралска Карипска Интернационала (Royal Caribbean International) |
Оператор: |
Кралска Карипска Интернационала (Royal Caribbean International) |
Пристаниште и Регистар: | сѐ уште неодредено |
Траса: | Кариби (од 2009) |
Порачан: | февруари, 2006 |
Градител: | Акер Јардс, Турку, Финска |
Цена на чинење: | 1,2 милијарди долари (755 милиони евра) |
Спуштен: | 11 декември, 2007 |
Прва пловидба: | 12 декември, 2009 (планирано) |
Статус: | во изградба |
Општи карактеристики | |
Класа и тип: | Оаза |
Тонажа: | 220,000 БРТ |
Потисок: | околу 100,000 тони |
Должина: | 360 м |
Ширина: | 47 м |
Висина: | 65 метри над водата |
Под вода: | 9 м |
Палуби: | 16 патнички палуби |
Инсталитана моќ: | 8 Вартсила V12 мотори, секој по 17,500 кс |
Придвижуван од: | 3 × 20 MW Асеа Браун Бовери Азипод, сите азимутски |
Брзина: | 20.2 kn (37.4 km/h; 23.2 mph)* |
Капацитет: | 5,400 пансиони за двајца (околу 7,300 заедно со трети и четврти патници) |
Посада: | сѐ уште неодредено |
„Оаза на морињата“ ќе биде првиот брод со следниве удобности: апартмани со високо приземје, амфитеатар со крајбазенски изведби, спусна жичарница и рингишпил. Ќе биде најголемиот крстосувач на светот при неговото завршување во 2009.[1]
Покрај соседството наречено Централен парк, бродот ќе има и соседство наречено Шеталиште, кое е така обмислено за да ги потсеќа патниците на пристаништата од минатото. Централната атракција ќе биде рачно изработениот рингишпил. Во соседството ќе има и амфитеатар „АкваТеатар“ кој ќе биде најголемиот базен на брод во светот и крај него ќе се одржуваат разни активности и манифестации.
Спусната жичарница ќе виси на висина од девет спратови над шеталиштето, а таму ќе има и два ѕида за искачување. Патниците ќе имаат на избор да отседнат во 28 двокатни апартмани со високо приземје и прозори од земја до таван.