Омар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Омар ибн ел-Хатаб или само Омар (арапски: عُمَرُ بْنُ الْخَطَّابِ, роден околу 584 година - починал на 3 ноември 644) — еден од најмоќните и влијателни муслимански калифи во историјата[6]. Тој бил висок придружник на пророкот Мухамед. Тој го наследил Абу Бакр (632-634) како втор калиф на Праведниот Калифат на 23 август 634 година. Тој бил експерт по муслиманско право, познат по својата побожна и праведна природа, поради кое го заработил епитетот Ал-Фарук („оној кој разликува (меѓу правилно и погрешно“). Понекогаш тој е познат како Омар I од одредени историчари на исламот, бидејќи подоцна Омејадскиот калиф, Омар II, исто така го носел тоа име.
Омар ибн ел-Хатаб عُمَرُ بْنُ الْخَطَّابِ | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||
Втор калиф на Праведен Калифат | |||||||
На престол | 23 август 634 – 3 ноември 644 | ||||||
Претходник | Абу Бакр | ||||||
Наследник | Осман ибн Афан | ||||||
Роден(а) | 584 Мека, Арабија | ||||||
Починал(а) | ноември 3, 644(644-11-03) (возр. 59–60) (26 Dhul-Hijjah 23 AH)[2] Медина, Арабија, Праведен Калифат | ||||||
Почивалиште | Ал-Масџид ан-Набави, Медина | ||||||
Сопружник | |||||||
Деца |
| ||||||
| |||||||
Tribe | Курејш (Бану Ади) | ||||||
Татко | Хатаб ибн Нуфајл | ||||||
Мајка | Хантама бинт Хишам | ||||||
|
Во времето на Омар, калифатот се проширил со невидена стапка, освојувајќи го Сасанидското Царство и повеќе од две третини од Византија[7]. Неговите напади врз Сасанидското Царство резултирале со освојување на Персија за помалку од две години (642-644)[8]. Според еврејската традиција, Омар ја отфрлил христијанската забрана за Евреите и им дозволил да влезат во Ерусалим и да се поклонат[9]. Омар на крајот бил убиен од персиецот Пируз Нахаванди во 644 година.
Омар е почитуван во сунитската традиција како голем владетел и парагон од исламските доблести[10], а некои Хадиси го идентификуваат како втор најголем Асхаб по Абу Бакр[11][12]. Омар главно е толкуван негативно во шиитската традиција[13].