Оплодување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оплодување (фертилизација) — процес при којшто доаѓа до соединување на женската (јајце-клетка) и машката (сперматозоид) гамета. При оплодувањето настанува и навлегување на хаплоидниот сет од хромозоми на сперматозоидот во јајце-клетката, која исто така содржи хаплоиден број на хромозоми. Како резултат на ова се формира една диплоидна клетка наречена зигот. Во основа, овој процес е ист кај растенијата и животните, со некои специфични за нив разлики.