Растенија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Растенијата или билки се многуклеточни автотрофи (многу мал број се хетеротрофи, како на пример некои паразитски растенија) што обично живеат прикрепени на почвата. Тие сочинуваат посебно царство - Plantae (порано познато и како Vegetabilia). Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на неваскуларни (оние кај кои ситестите клетки не содржат лигнин и кај кои отсуствува спроводен систем - ксилем и флоем) и васкуларни (оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин и имаат ксилем и флоем). Науката што ги проучува растенијата се нарекува ботаника (или, многу поретко, фитологија).
Растенија, билки Plantae Период: Камбриум до денес | |
---|---|
Научна класификација | |
Домен: | Eukaryota |
Нерангирано: | Archaeplastida |
Царство: | Plantae Хекел, 1866 |
Оддели | |
Embryophyta (копнени растенија)
†Nematophytes |
Од еколошки поглед, растенијата се примарни произведувачи на органска материја (по пат на фотосинтеза) во сите копнени и помал дел од водните екосистеми, со што претставуваат основна храна за сите останати живи организми во дадениот екосистем. Тие го започнуваат движењето на енергијата во екосистемот преку метаболитичките процеси на организмите, со што ја намалуваат ентропијата.