Општествен поредок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општествениот поредок е концепт кој се користи во социологијата, историјата и други општествени науки. Се однесува на група општествени структури, општествените установи и општествените практики кои разменуваат, одржуваат и спроведуваат “нормални” начини за поврзување и однесување. Општествениот поредок претставува релативно стабилен институционален систем, структура на интеракција и обичаи кој може да ги обезбеди неопходните услови за опстанок. Овој концепт се однесува за сите факти на општеството кои со тек на време остануваат константни. Овие услови би можеле да вклучат имот, односи на размена и моќ, како и форми на културата, комуникации и идеолошки системи на вредности...