Социологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социологија е наука за човечките општества.[1] Таа е општествена наука (што е и всушност нејзин неформален синоним) која користи разновидни методи на емпириско истражување[2] и критичка анализа[3] за развивање и обработување тело на знаење и теорија за човечката општествена дејност, често со цел да се примени таквото знаење за проследување на општествената благосостојба. Предметот на проучување се движи од микро ниво на агенси и интеракција до макро ниво на системи и општествени структури.[4]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Социологијата е тематско и методолошки многу пространа дисциплина. Во нејзини традиционални фокуси спаѓаат, општествената стратификација (како класните релации), религијата, секуларизацијата, современоста, културата и девијацијата, а нејзините приоди вклучуваат квалитативни и квантитивни истражувачки техники. Многу од она што го прават луѓето спаѓа во рамките на категоријата на општествената структура и агенси, социологијата постепено го проширува својот фокус кон понатамошни субјекти, како медицинските, воените и казнените институции, интернетот, а дури и улогата на општествената активност во развојот на научното знаење. Опсегот на општествено научните методи во голема мера се има проширено. Лингвистичките и културните пресврти во средината на XX век довеле до повеќе толкувачки, херменевтички и филозофски пристапи кон анализа на општеството. Спротивно на тоа, последниве децении го сведочат порастот на нови математички и изчислителни ригорозни техники, како што е агентско моделирање и анализа на друштвената мрежа.[5][6]