Пергаментот е еден од најстарите материјали за пишување, кој се користи и денес.

Thumb
Изработка на пергамент во 1568 г.

Историја

Околу 200 г. п.н.е еден од фараоните од династијата Птоломеиди го забранил извозот на папирус од Египет, за да го спречи развојот на “библиотеките“ во другите земји.

Оваа ситуација ги натерала корисниците на папирус да најдат алтернативен материјал за пишување, однесно за пренесување на пораките и складирање на знаењата. Во градот Пергамо, (денешна Турција), бил произведен таков материјал и го добил името пергамент. Тој бил потраен и попостојан на влага за разлика од папирусот. Сè до денес, се смета за еден од најдобрите материјали за пишување со перо и мастило.

Изработка

Пергаментот се изработувал со преработка на тенки кожи, најчесто од млади животни: кози, овци, телиња, магариња, па и змии.[1] Процесот на изработка бил многу едноставен. Од одраната кожа се отстранувале влакната, а потоа кожата се третирала со белило. Депилираната кожа се напнувала на дрвени рамки и постепено се сушела.

Следната фаза било брусењето со помош на вулкански песок и мазнење со помош на коски или мазни камења. Колку што пергаментот бил потенок, толку бил поценет.

Последната фаза била натопување на испегланата кожа во масло и сушење на маслото, со цел да се постигне соодветна еластичност.

Пергаментот денес

И денес пергаментот се употребува за различни свечени пригоди, кога е потребно да се изработат повелби, признанија и слично (Версајскиот договор, Повелбата на ООН, Нобеловата награда и др.).

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.