американска кантри-пејачка (1932 ― 1963) From Wikipedia, the free encyclopedia
Петси Клајн (родена како Вирџинија Патерсон Хенсли; 8 септември 1932 ― 5 март 1963 година) ― американска пејачка, една од највлијателните пејачки од XX век и една од првите кантри-пејачки што почнале да пејат поп-музика.[4][5] Во нејзината осумгодишна професионална музичка кариера Клајн имала неколку хитови на Билбордовата топ-листа.
Петси Клајн | |
---|---|
Слика за Decca Records, 1960 | |
Роден(а) | Вирџинија Патерсон Хенсли септември 8, 1932 Винчестер, Вирџинија САД[1][2] |
Починал(а) | март 5, 1963 30) Камден, Тенеси, САД | (возр.
Причина за смрт | авионска несреќа |
Почивалиште | Меморијален парк Шенандоа, Винчестер |
Занимање |
|
Активен период | 1948 ― 1963 |
Сопружник |
|
Деца | 2 |
Клајн се смета за една од најславните, најпочитуваните и највлијателните изведувачи од XX век. Нејзината музика влијаела врз многу музичари од различни стилови и жанрови.[6] Таа, исто така, поради тоа што е меѓу првите жени што продавале плочи и одржувала концерти, се смета за предвесник на жените во кантри-музиката. Во 1973 година, станала прва пејачка што била примена во Куќата и музејот на славата на кантри-музиката. Во 1985 г., нејзиниот живот и кариера биле прикажани во животописниот филм „Слатки соништа“ со Џесика Ланг во улогата на Петси Клајн. Во осумдесетите биле објавени уште неколку други документарни филмови и сценски претстави, меѓу кои и мјузиклот Засекогаш...Петси Клајн од 1988 година. Албумот со нејзините најголеми хитови во 2005 се продал во преку 10 милиони копии во 2005 година. Во 2011 година, нејзината куќа од детството била реставрирана во музеј што можат да го посетат нејзините обожаватели.
Вирџинија Патерсон Хенсли е родена во Винчестер, Вирџинија, на 8 септември 1932 година.[7] [8] Освен „Вирџинија“ во детството, ја викале и „Џини“.[9]
Во детството, нејзиното семејство често се преселувало во различни градови во САД, за на крај да се насели во Винчестер, Вирџинија.[10] Петси Клајн подоцна изјавила дека нејзиниот татко сексуално ја злоставувал.[11]
Родителите на Клајн, за време на нејзиното детство имале брачни несогласувања и во 1947 година нејзиниот татко го напуштил семејството. Писателката Елис Насур во биографијата Интимната приказна за Петси Клајн напишала дека Клајн имала „убава врска“ со нејзината мајка; ја цитирала мајката на Клајн која рекла дека тие „повеќе биле како сестри“ наместо како родител и дете. [7] По завршување на основното училиште Петси Клајн се запишала во средното училиште Џон Хендли во Винчестер.[12] Сепак, семејството по напуштањето на нејзиниот татко имало парични проблеми. За да помогне во издржувањето на семејството Петси Клајн го напуштила средното училиште. Таа почнала да работи во аптека и како продавачка. [7]
На 15 годишна возраст се пријавила за аудиција во Grand Ole Opry. Неколку недели подоцна добила повратно писмо во кое барале да им испрати слики и снимки.[7] Била повикана на аудиција во Нешвил; аудицијата поминала многу добро и Петси очекувала да добие одговор уште истиот ден, но тие воопшто не одговориле а семејството се вратило во Вирџинија.[7]
До почетокот на 1950-тите, Клајн настапувала по локални кафани. Во 1952 година, била повикана на аудиција за месна кантри група. По аудицијата, почнала редовно да настапува како член од групата Bill Peer's Melody Boys and Girls.[7] [13] Започнала романтична врска со Бил Пир, водачот на групата, која опстоила неколку години. Сепак тие не се развеле од своите сопружници.[13] [7] Пир ја наговорил да одбере посоодветно уметничко име. Таа го променила своето име од Вирџинија во Петси (преземено од нејзиното средно име „Патерсон“), а го задржалала презимето Клајн. Станала естрадно позната како „Петси Клајн“.[11][12]
Во август 1953 година, Клајн учествувала на месен кантри-музички натпревар. Освоила 100 долари и можност редовно да настапува во Town and Country Time.[7] Во шоуто учествувале кантри ѕвезди како Џими Дин, Рој Кларк, Џорџ Хамилтон IV и Били Грамер,[11] а се снимало во Вашингтон и Арлингтон, Вирџинија. До октомври 1955 година не била официјално додадена во телевизиските емисии на програмата.[7] Телевизиските изведби од Клајн добиле признание од критиката. Списанието „Вашингтон Стар“ го пофалило нејзиното сценско присуство, со коментир: „Таа те расположува со движењето на рацете и телото и со ритамот на нејзиниот глас, кој ѝ допира длабоко во душата за да ја изнесе мелодијата. Повеќето кантри пејачки стојат неподвижни, пеат со монотон назален висок тон. Петси има грлен стил пропратен со движење и емоција.“ [7]
Во 1954 година, Бил Пир на Бил Меккол, претседател на Four Star Records, му пратил демо снимки од Петси Клајн.[7] На 30 септември 1954 година, потпишала двегодишен договор за снимање со издавачката куќа заедно со Пир и нејзиниот сопруг Џералд Клајн.[14] Договорот им овозможувал на Four Star да добијат најголем дел од приходите од песните што ги снимила.[15] Поради ова, Клајн добивала малку од авторските права од издавачот, вкупно 2,34 посто од нејзиниот договор за снимање. [7] [12] Нејзината прва сесија за снимање се одржала на 5 јануари 1955 година во Нешвил, Тенеси. Four Star снимките ѝ ги отстапила на поголемата Decca Records. Нејзин прв сингл бил „A Church, a Courtroom, Then Goodbye“ (1955). Иако Клајн ја промовирала со настап на Гранд Оле Опри, песната не била успешна.[7] [11]
Додека снимала за Four Star, Петси Клајн пеела различни музички жанрови како госпел, рокабили, традиционална кантри-музика и поп.[16] [13]
Во 1956 година, Клајн била повикана да настапи во емисијата од Артур Годфри, Скаут за таленти, национална телевизиска емисија каде што таа била на аудиција неколку месеци претходно. Ја прифатила понудата, а нејзината мајка Хилда Хенсли ја искористила како нејзин скаут за таленти за емисијата. [7] Според правилата на емисијата, скаутите на таленти не смеело да бидат членови од семејството. За да се појави на шоуто мајка ѝ излажала дека се само од ист град. Кога Артур Годфри ја прашал Хенсли дало ја познава Клајн цел живот, таа одговорила: „Да, речиси!“ [17]
Петси клајн дебитирала во емисијата на 21 јануари 1957.[11][18] Истиот ден се сретнала со продуцентката на серијата Џенет Дејвис. Клајн сакала да ја пее „A Poor Man's Roses (Or a Rich Man's Gold)“, но Дејвис претпочитал друга нејзина песна, „Walkin' After Midnight“. [7] Таа ја извела „Walkin' After Midnight“ и победила на натпреварот за таа вечер.[18] Песната сè уште не била објавена како сингл. За да излезе во пресрет на побарувачката од јавноста, Decca Records ја објавила песната како сингл на 11 февруари.[7] Песната се искачила на 12-тото место на поп листата на Билборд.[11] Од нејзиното објавување, па сѐ до денес, песната се смета за класика во кантри-музиката.[19]
Музичките критичари ја пофалиле „Walkin' After Midnight“. Успехот на песната ѝ овозможило на Клајн да настапи во многу емисии на поголеми телевизиски мрежи. Исто така, се појавила на Гранд Оле Опри во февруари и телевизиската програма Western Ranch Party во март.[7] Од учествата заработила вкупно десет илјади долари, и сите пари ѝ ги дала на мајка ѝ, за да ја плати хипотеката за куќата во Винчестер.[17] Во август 1957 година, Decca Records го објавила нејзиниот деби студиски албум, Patsy Cline.[7]
По „Walkin' After Midnight“ другите песни на Петси не забалежале успех.[11] Ова делумно се должело на квалитетот на материјалот што таа го одбрала да го сними.[20] Речиси истовремено, Клајн била отпуштена од нејзиниот редовен термин на Town and Country Jamboree. Според Кони Б. Геј, таа доцнела на емисии и „доаѓала мирисајчи на алкохол“.[7] Во септември 1957 година, Клајн се омажила за Чарли Дик, кој веднаш потоа бил испратен во на воена задача во Форт Браг, Северна Каролина.[21] Клајн ја родила и својата прва ќерка Џули. Со надеж дека ќе ја рестартира својата кариера, Клајн и нејзиното семејство се преселиле во Нешвил.[11]
Професионалните одлуки на Петси Клајн вродиле со плод во раните 1960-ти. По преселувањето во Нешвил, потпишала менаџерски договор со Ренди Хјуз.[11] Таа прво сакала да работи со Хуберт Лонг, но тој бил зафатен со менаџирање на други уметници. Затоа, се одлучила за Хјуз. [7] Со помош на Хјуз, почнала да настапува во поголеми локали и да заработува повеќе.[11] Во јануари 1960 година, Клајн официјално станала член на Opry.[21] Исто така, во јануари 1960 година, Клајн ги снимила последните песни со Four Star Records. Истата година биле објавени нејзините последни синглови со издавачот: „Lovesick Blues“ и „Crazy Dreams“. По напуштањето на Four Star, кон крајот на 1960 година Клајн официјално потпишала договор со Decca Records.[7] Откако почнала да работи со издавачот по нејзино инсистирање добила 1.000 долари аванс.[12]
Нејзина прва песна под Дека била „I Fall to Pieces“.[16] Објавена како сингл во јануари 1961 година, песната на почетокот не го привлекла вниманието на публиката. Во април, песната се пласирала на Hot Country и Western Sides топ-листата. На 7 август, песната станала нејзина прва песна на врвот на кантри топ-листата. Исто така, „I Fall to Pieces“ се нашла и на Билборд поп-листата, каде дошла до 12-тото место.[22]
На 14 јуни 1961 година, возејќи се автомобил со нејзиниот брат Сем Хенсли Џуниор, Петси Клајн доживеала сообраќајна несреќа.[23] Нивниот автомобил удрил директно во друго возило,[7] а ударот ја фрлил директно во шофершајбната на автомобилот, по што се здобила со тешки повреди на лицето. Исто така се здобила со скршен зглоб, изместен колк и голема исеченица на челото. Кога била однесена во болница, нејзининиот живот бил во опасност и не се очекувало да преживее. Била оперирана и преживеала. Според нејзиниот сопруг Чарли Дик, откако се разбудила му рекла: „Исус беше овде, Чарли. Не грижи се. Ме фати за рака и ми рече: „Не, не сега. Имам и други работи што треба да ги направиш'“. Поминала еден месец во болница на опоравување.[7]
Клајн се вратила на музичката кариера шест недели по нејзината сообраќајна несреќа. Следен сингл на Клајн по „I Fall to Pieces“ била песната „Crazy“.[16]
„Crazy“ била објавена како сингл во октомври 1961 година, и се нашла на кантри листите на Билборд во ноември.[7] Таму се искачила на второ место, а и на 9-то место на поп-листата.[21] „Crazy“ ќе стане најголем поп-хит на Клајн.[24] Нејзиниот втор студиски албум Patsy Cline Showcase бил објавен кон крајот на 1961 година. На албумот се нашле и повторно снимените верзии од нејзините претходни хитови „Walkin' After Midnight“ и „A Poor Man's Roses (Or a Rich Man's Gold)“.[25] „Crazy“ и следните записи на Петси Клајн со Decca добиле пофалби од критиката.
Во ноември 1961 година, била поканета да настапи како дел од шоуто на Гранд Оле Опри во Карнеги Хол во Њујорк. Кон крајот на годината, Клајн освоила неколку големи музички награди меѓу кои и „Омилен женски вокал“ од списанието Билборд и „Најемитуван женски изведувач“ од списанието Cashbox.[7]
Во 1961 година, Клајн почнала да го снима нејзиниот следен албум. Меѓу првите песни што ги снимила [26] била „She's Got You“. Песната станала нејзина трета песна која се искачила на прво место на Билбордовата кантри листа.[21] „She's Got You“, исто така, била прва песна од Петси Клајн која се пласирала на листата за синглови во Обединетото Кралство, каде се искачила до 43-то место.
Во 1962 година, Клајн имала три големи хита: „When I Get Through with You“ [13] „So Wrong“ и „Imagine That“. Купила ранч куќа во предградие на Нешвил. Клајн ја нарекуваше нејзин „дом од соништата“ и често ја посетувале пријателите.[13] По нејзината смрт, куќата била продадена на кантри-музичарката Вилма Бурџес.[27]
Летото 1962 година, менаџерот Ренди Хјуз средил да добие улога во филм. Во филмот исто така глумеле и Доти Вест, Веб Пирс и Сони Џејмс. Откако пристигнала на снимање во Деланд, според Вест продуцентот „побегнал со парите“. Филмот не бил снимен. Во август го објавила нејзиниот трет студиски албум Sentimentally Yours. На него била и песната „She's Got You“, како и неколку други кантри и поп песни. Според биографот Елис Насур, авторските хонорари ѝ „биле скусени“ и ѝ требало „финансиско обезбедување“. Затоа, Ренди Хјуз договорил таа 35 дена да работи во театарот Мери-Минт во Лас Вегас. На Клајн не ѝ се допаднал ангажманот. Исто така, била носталгична и сакала повеќе време да поминува со своите деца.[7] Со овој ангажман, Петси Клајн станала првата жена-кантри уметник со свое шоу во Лас Вегас.[15]
Во овој период се смета дека Клајн ја претчувствувала сопствената смрт. Доти Вест, Џун Картер Кеш и Лорета Лин се сеќавале како Клајн им велела дека има чувство на неминовна пропаст и дека не очекува да живее уште многу долго.[28] Во јануари 1963 година, бил објавен нејзиниот следен сингл „Leavin' on Your Mind“ и набрзо се нашол на кантри-листата од Билборд. Во февруари, ги снимила последните песни за Decca Records. Меѓу снимените песни биле: „Sweet Dreams“, „He Called Me Baby“ и „Faded Love“.
Петси Клајн се мажела двапати. На 7 март 1953 година се омажила со нејзиниот прв сопруг, Џералд Клајн.[11] Неговото семејство поседувало компанија за ископување во Мериленд. Џералд Клајн рекол: „Можеби за Петси не беше љубов на прв поглед кога прв пат ме виде, но беше за мене“.[7] Иако уживал во нејзините настапи, не можел да се навикне на нејзините турнеи и честите отсуства од дома. За време на нивниот брак, Петси на еден пријател му се доверила дека откако се омажила за Џералд мисли дека „не знае што е љубов“ . Кон крајот на 1956 г., парот почнал да живее одвоено и се развеле во 1957 година.[7]
Клајн се омажила за својот втор сопруг Чарли Дик на 15 септември 1957 година.[29] Тие се запознале во 1956 година додека Клајн настапувала со локал во Вирџинија. Во тоа време, Дик работел за локалниот весник „Винчестер стар“. Според Дик, тој ја поканил Клајн да танцуваат, а таа му одговорила: „Не можам да танцувам додека работам, добро?“ Сепак, почнале да поминуваат одредено време заедно, а Клајн им кажала на блиските пријатели за нивната врска. Со Чарли Дик, Петси Клајн имала две деца: Џули и Ренди.[30] Нивната врска се сметала за романтична и бурна. Според Роберт Оерман и Мери Бафвак, бракот на Клајн и Дик бил „подгреан од алкохол, расправии, страст, љубомора, успех, солзи и смеа“. [13]
Според биографот Елис Насур, тие често се карале, но останале заедно. Имале репутација на „тешки пијаници“, но според самиот Дик, тие не биле „пијани“. [7] По смртта на Клајн во 1963 година, Дик во 1965 година се оженил со кантри пејачката Џејми Рајан, но се развеле на почетокот од 70-тите. Дик починал во 2015 година и бил погребан до Клајн.[29]
На 3 март 1963 година, Клајн настапувала во Меморијалната сала на војници и морнари во Канзас Сити. Нејзината последна песна била последната песна што ја снимила претходниот месец, „I'll Sail My Ship Alone“.[7]
Поради магла на аеродромот Клајн ноќта ја поминала во хотелот Town House Motor. Вест ја викнала Петси заедно со неа и со нејзиниот сопруг Бил, да се вратат со автомобил во Нешвил, 8 часа возење, но Клајн одбила, велејќи: „Не грижи се за мене, Хос. Кога е мое време да одам, тогаш ќе е време“. На 5 март ѝ се јавила на мајка си од мотелот и се качила на авион. Во авионот биле Клајн, Копас, Хокинс и пилотот Ренди Хјуз.
Авионот еднаш застанал во Роџерс, Арканзас за да наполни гориво и во 17 часот уште еднаш слетал на општинскиот аеродром Даерсбург во Тенеси [7] Хокинс го заменил на Били Вокер, откако Вокер требало да оди на комерцијален лет. Менаџерот на аеродромот во Даерсбург им предложил да преноќат таму поради силните ветришта и лошото време. Но, Хјуз, кој не бил обучен за летање со инструменти, рекол: „Веќе стигнав до овде. Ќе бидеме таму пред да дознаете“. Авионот полетал во 18:07 часот.[31]
Авионот во кој била Клајн се урнал при тешки временски услови вечерта во вторник, 5 март 1963 година. Нејзиниот рачен часовник застанал на 18:20 часот. Авионот го нашле на околу 140 км од неговата дестинација во Нешвил, во шума крај Камден, Тенеси . Форензичкото вештачење утврдило дека сите во авионот веднаш убиени.[32][33]
По смртта на Клајн, Decca Records (подоцна купена од MCA) повторно ја објавила нејзината музика. The Patsy Cline Story бил прв компилациски албум што издавачот го издал по нејзината смрт. На него биле песните „Sweet Dreams (Of You)“ и „Faded Love“. Двете песни биле издадени како синглови во 1963 година.[16] „Sweet Dreams“ се искачил на 5-тото место на кантри-листата на Билборд и 44-то на Hot 100.[34][34] „Faded Love“ исто така станал топ 10 хит на кантри-листата на Билборд, (7-мо место) во октомври 1963 година.[34] Во 1967 година, Дека ја издал компилацијата Најголемите хитови на Петси Клајн. Албумот не само што се искачил на 17-то место на кантри-листата на Билборд, туку имал и дијамантски тираж сертифициран од Здружението на музичките сниматели на Америка. Во 2005 година, Гинисовата книга на рекорди го вклучила албумот Најголемите хитови како албум од пејачка кој најдолго се задржал на топ листа за албуми.[17][34]
Во 1991 година, MCA records издала бокс сет под наслов The Patsy Cline Collection. На албумот е целиот снимен материјал на Петси Клајн за Four Star и Decca Records. Бокс сетот добил позитивни критики, а Том Јурек од Allmusic го оценил со пет од пет ѕвезди.
Ролинг Стоун го вброил бокс сетот во нивните „50 најдобри албуми на сите времиња“. Поранешниот издавач на Клајн, MCA продолжува да објавува материјали до ден-денес.[19] Клајн е на листата на „Најпродавани изведувачи“ на Американското здружение на музички сниматели со вкупно над 14 милиони продадени плочи до денес.[35]
Клајн неколку пати во 1980-тите била претставена на филм и телевизија . Биографскиот филм на Лорета Лин, „Ќерката на рударот“ (1980) повторно го пробудил интересот за нејзиниот живот и кариера.[7] Глумицата Беверли Д'Анџело ја играла Клајн во филмот и сама ги пеела песните на Клајн. Д'Анџело била номинирана за наградата Златен глобус за нејзината улога. Во интервју што Д'Анџело го направила за документарен филм на PBS во 2017 година, навела дека играњето на улогата на Петси Клајн „имало големо влијание“ врз нејзиниот живот и кариера.[17][36]
Во 1985 година бил објавен игран филм за животот на Петси Клајн под наслов Слатки соништа. Во филмот Џесика Ланг ја глумела Петси Клајн, а Ед Харис нејзиниот сопруг Чарли Дик.[37] [16] Филмот бил критикуван поради недоволната точност на животот на Клајн и неговата музичка продукција. Ланг била номинирана за Оскар за најдобра женска улога за нејзината улога како Петси Клајн.[38]
Студиски албуми
Постхумни студиски албуми
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.