Пиерија (округ)
округ во Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пиерија (грчки: Πιερία) — округ во јужниот дел на Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Катерина. Ова е најмалиот округ во Егејска Македонија и приближно се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Катеринско“, иако опфаќа и некои места од Берско и Солунско. Денешниот назив го добил по долномакедонската област Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Pieria Περιφερειακή ενότητα Πιερίας | |
---|---|
Округ | |
Општини во округот Пиерија | |
Пиерија во Грција | |
Координати: 40°15′N 22°25′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Админ. центар | Катерина |
Управа | |
• Управник | Софија Мавриду |
Површина | |
• Вкупна | 1.516 км2 (585 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 123.245 |
• Густина | 81/км2 (210/ми2) |
Поштен. бр. | 60x xx |
Повик. бр. | 235x0 |
Рег. таб. | ΚΝ |
Мреж. место | pieria.pkm.gov.gr |
Изобилува со археолошки знаменитости и наоѓалишта, како што се светиот македонски град Дион, историската Пидна и замокот Платамон. Според преданијата, планината Шапка (наречена и Пиерија) во округот е дом на Орфеј[1] и музите,[2]. Во јужниот дел на Пиерија се наоѓа и Олимп — највисока планина во егејска македонија и цела денешна Грција, која митолошки се смета за дом на боговите. Други позначајни древни градови се Лејбетра и Пимплеја.