Покраини во Кина
административна единица во Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраината , во контекст на Кина, е превод од шенг (省), што е административна единица. Заедно со градските околии, автономните региони и специјалните административни региони, покраините ја сочинуваат првостепената највисока административна поделба на Кина (позната како поделба „на покраинско ниво“),.[1] Во теорија, во Република Кина (Тајван) покраините се првостепена административна поделба, иако нивната улога се има значајно намалено.
Во Народна Република Кина моментално постојат 22 покраини, од севкупно 23 административни единици на покраинско ниво. НР Кина исто така смета дека има право на, но нема власт во, Тајван како нејзина 23та покраина. Република Кина пак, е државата која има власт врз Тајван (Формоза) како и некои периферни острови како Џинмен (Кинмен) и Мацуовите Острови, многу блиску до покраината Фуџен.
Во НР Кина, секоја покраина има покраински комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), на чие чело стои генерален секретар. Главно и одговорно лице на покраината е секретарот, а не управителот на покраинската влада.